Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Проект на Центарот за економски анализи во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер
Презентирана нацрт-годишна програма на ДЗР за работа во 2018 година

Центарот за економски анализи (ЦЕА) во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер продолжи со реализација на проектот „Подобрување на финансиската отчетност и транспарентност во Македонија“. Во рамките на проектот, а во присуство на претставници од медиумите, беше презентиран четвртиот квартален извештај од набљудувањето на работењето на ДЗР за периодот 01.07.2017 до 30.09.2017 година. На овој настан како претставници на Државниот завод за ревизија присуствуваа Александар Поповски, Генерален секретар и Цвета Ристовска, Помошник на главниот државен ревизор.



Во воведното излагање Габриела Димовска од Центарот за економски анализи и еден од авторите на извештајот за мониторинг на работата на ДЗР истакна:

- Евидентно е дека граѓаните се охрабруваат и се интересираат за содржината на ревизорските извештаи. Барањата од нивна страна кои се поднесуваат за вршење ревизија се во се поголем број. Забележана е и поголема отвореност и иницијатива за градење на долгорочна соработка меѓу ДЗР и засегнатите страни. Според искуството, ДЗР се повеќе ја забележува непосредната потреба од соработка и консултација со граѓаните и со медиумите во контекст на дообјаснување на работите кои се поврзани со работењето на ДЗР.

Од друга страна, во своето излагање претставниците на ДЗР ги информираа присутните на настанот дека во текот на 2017 година до нив биле поднесени вкупно 70 барања за вршење на ревизија од кои 21 се прифатени. Во излагањето беше презентирана и предлог- програмата на ДЗР за работа во 2018 година која се очекува да биде финална до крајот на годината, кога дефинитивно ќе се знае и кои министерства, единици на локалната самоуправа и други субјекти ќе бидат предмет на ревизија.

Инаку, во овој квартален извештај се мереше и степенот до кој се запознаени дел од пратениците со работата на ДЗР. Најголем дел од актуелниот пратенички состав сметаат дека ДЗР не е доволно претставен во јавноста. Она за што постои согласност меѓу испитаните пратеници е потребата од тоа ревизорските извештаи задолжително да се разгледуваат на некое друго ниво, а зависно од субјектот на ревизија тоа би можело да биде соодветна комисија во собранието, седница на собранието или во Комисијата за финансирање и буџет.

Испитаните пратеници, како и најголемиот дел од граѓаните би сакале да поднесат барање за вршење на ревизија, иако најголем дел нив не биле запознаени дека постои таква можност.

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 15.12.2017