Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународни ревизорски активности
Делегација на ДЗР на јубилејот 40 години од Декларацијата на Лима

Деветтиот конгрес на ИНТОСАИ, кој бил одржан пред 40 години во градот Лима и на кој е донесена и усвоена „Лима декларацијата на водечките упатства за принципите во ревизијата“, е главниот повод за собирот на државните ревизори и на други високи гости од целиот свет.  Документот познат како „Лима декларација“ е еден од основните и најважните документи  на кој се базира вршењето државна ревизија (http://www.dzr.mk/Uploads/ISSAI1_LIMA-Deklaracija_nezavisnost_Lima_VRI.pdf )

Одбележување на јубилејот од донесувањето на еден од основните документи  на вршењето државна ревизија се одржува во Лима (05-06 декември), истиот град каде е и донесен и усвоен пред 40 години. На конференцијата по овој повод ќе присуствуваат 112 претставници на ВРИ од 42 држави. На прославата се поканети и треба да учествуваат и други гости меѓу кои се и претставници на Светската банка и на  ИНТОСАИ.

Делегацијата на ДЗР која ќе присуствува на овој состанок и на одбележување на јубилејот 40 години од донесувањето на „Лима декларацијата“ ја сочинуваат Заменик главниот државен ревизор, Насер Адеми и Помошникот на главниот државен ревизор, Тања Јаневска.

Конференцијата во Лима ќе го отвори Претседателот на Врховната ревизорска институција на Перу, Nelson Shack Yalta, а поздравно обраќање кон присутните ќе имаат и претседателот на ИНТОСАИ, Harib Saeed Al Amimi и претседателот на државата Перу, Pedro Pablo Kuczynski.  

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 05.12.2017