Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународни активности
Генералниот секретар Поповски на состанок во Брисел

Генералниот секретар на Државниот завод за ревизија, Александар Поповски ќе учествува на 7-от Регионален состанок на твининг проектите финансирани со ИПА инструментот кој е наменет за земјите кандидати за полноправно членство во Европската унија.



На дводневниот состанок  што се одржува во административната палата „Алберт Борше“ во Брисел (30 ноември – 01 декември) ќе се разменат и најважните алатки со кои ќе се зголемат капацитетите на твиниг проектните единици, а меѓу кои е и проектот на Европската унија за подобрување на ефикасноста на државната ревизија. Конкретно, овој твининг проект ДЗР ќе го реализира со Бугарската канцеларија за државна ревизија и истиот ќе трае до крајот на 2018 година.

На регионалниот состанок Александар Поповски ќе оствари средба со Сергеј Михаилов од Генералниот директорат за соседски политики и проширување на Европската унија. На средбата ќе биде разгледан планот за реализација на проектот и ќе се разменат значајни информации во контекст на целите на проектот како што се:

- подобрување на стратешкото планирање на ДЗР;
- соработката со парламентот во делот на разгледување на ревизорските извештаи;
- зајакнување на капацитетите за вршење ревизија во посебни области како што се ИТ-ревизијата, Јавните набавки, Јавната внатрешна финансиска контрола и користењето на фондовите на Европската унија;

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 30.11.2017