Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Информација на ДЗР за ревизорски активности
Известување за јавноста

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТА

Во врска со големиот број на барања за вршење ревизија во последните три месеци и интересот на јавноста за тоа кога сме вршеле ревизија кај субјектите наведени во прегледот подолу, го објавуваме прегледот со сите субјекти за кои се бара ревизија, периодот кога е вршена ревизијата и каков вид на ревизија е извршена.

Преглед на доставени барања за вршење ревизија во периодот април-јули 2017 година

 

 

Ред. број

 

Барања за вршење ревизија

 

Период на извршена ревизија

1

 

Министерство за култура

 

-Ревизија на регуларност – филмска дејност во 2008 година,

- Ревизија на регуларност во 2011 година,

-Ревизија на регуларност – меѓународна соработка во 2013 година,

-Ревизија на успешност во 2014 година Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија кај Министерството за култура,

-Ревизија на успешност во 2015 година на тема Начин на водење на музејската евиденција во националните и локалните установи и заштита на музејските предмети каде покрај министерството беа опфатени 16 установи од кои 12 на национално и 4 на локално ниво. 

 

2

 

Министерство за образование и наука

 

- Ревизија на регуларност во 2008 година,

- Ревизија на регуларност во 2010 година,

-Ревизија на успешност- Финансирање на високото образование на државните универзитети во 2011 година,

- Ревизија на регуларност во 2012 година,

- Ревизија на успешност- Ефикасност и ефективност од примена на Е-дневник во основното и средно образование во 2013 година,

-Во 2014 -Ефикасност и ефективност на системот за финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија,

-Ревизија на успешност во 2015 година Ефективност на програмите и мерките насочени кон развој на средното образование во РМ,

-Ревизија на регуларност во 2016 година.

 

3

Министерство за одбрана

 

-Ревизија на регуларност – Приходи од закупнини во 2009 година,

-Ревизија на регуларност  за 2012 година,

-Ревизија на регуларност  за 2013 година,

-Во 2014 година - Ефикасност и ефективност на системот за финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија.

 

4

Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

 

Ревизија на регуларност во 2012 година

5

Агенција за храна и ветеринарство

 

-Ревизија на регуларност во 2012 година,

-Во 2014 -Ефикасност и ефективност на системот за финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија.

 

6

Агенција за млади и спорт

 

-Ревизија на регуларност во 2008 година,

-Ревизија на регуларност  во 2013 година,

-Ревизија на успешност - „Ефективност во управувањето
со спортските објекти во РМ, изградени од Агенцијата за млади и спорт“ во 2015 година.

 

 

7

Агенција за странски инвестиции

-Ревизија на регуларност во 2009,

-Ревизија на регуларност  во 2013.

 

8

Буџет на РМ на здруженија и фондации  во периодот пред изборот на новата Влада

 

Согласно Законот за државната ревизија Буџетот на РМ се ревидира секоја година.

9

Општина Неготино

 

-Во 2014 - Ефикасност и ефективност на системот за финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија,

-Со Програмата за 2017 година се реализира ревизија на усогласеност Преземање на обврски и финансиска нестабилност кај општините.  Општина Неготино беше една од општините опфатени со оваа ревизија.

 

10

Општина Крива Паланка

 

-Во 2010 - Ревизија на регуларност,

-Во 2014 - Ефикасност и ефективност на системот за финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија,

-Во 2017 година вршена е ревизија на успешност Јавно приватно партнерство на локално ниво во Општина Крива Паланка е ревидирана постапката за изградба на административна зграда.

 

11

Клиника за гастроентерохепатологија

- Ревизија на регуларност во 2011,

- Ревизија на регуларност во 2013,

- Ревизија на регуларност во 2016.

12

Фонд за ПИОМ

 

Согласно Законот за државната ревизија Фондот за ПИОМ се ревидира секоја година.

13

Македонски пошти

 

- Ревизија за следење на препораки во 2009 година,

-Ревизија на спроведување на препораките во 2010 за извештај од 2005,

-Ревизија на регуларност во 2013.

 

14

ЈП Македонски железници

 

-Ревизија на регуларност за 2007 год,

-Ревизија на регуларност за 2008,

-Ревизија на регуларност во 2009,

-Ревизија на регуларност во 2011,

-Ревизија на успешност – Ефикасност на активностите и мерките за развој на железничкиот сообраќај во РМ, во 2016 година.

 

15

Државен студентски дом Пелагонија

 

-Ревизија на регуларност во 2010 година,

Ревизија на успешност –„Ефикасност на мерки, политики и проекти за подобрување нa квалитетот на услугите за сместување во студентските домови во

Република Македонија“ во 2014 година.

 

16

ЈП Македонија пат

 

- Ревизија на регуларност во 2009 година,

-Ревизија на регуларност во 2011  година,

Во 2014 - Ефикасност и ефективност на системот за финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија,

- Ревизија на регуларност во 2015 година.

 

 

17

Општина Липково

Ревизија на регуларност во 2010 година

18

Државен испитен центар

Ревизија на успешност во 2015 година - Ефективност на програмите и мерките насочени кон развој на средното образование во РМ помеѓу другите субјекти предмет на ревизија беше и Државниот испитен центар во делот на надлежностите за утврдената тема на ревизија

 

19

ДУИ

-2011- Сметка за редовно работење,

-2013 - Сметка за редовно работење,

-2014 –Сметка за редовно работење,

-2015 –Сметка за редовно работење,

-2016 - Сметка за редовно работење,

-Изборна кампања –Вонредни Парламентарни избори 2016, до крајот на 2017.

 

20

Алијанса за позитивна Македонија

Изборна кампања –Вонредни Парламентарни избори 2016, до крајот на 2017.

 

21

Дирекција за заштита и спасување

-Ревизија на регуларност  за 2008,

-Ревизија на успешност –поврзување на активностите на надлежните институции во РМ за намалување на бројот на пожари и зголемена заштита на добра население и територија , во 2009 година,

-Ревизија на регуларност  во 2011,

-Ревизија на успешност- ризици од несреќи и катастрофи во 2012 година

- Ревизија на успешност- ефикасност на политики и проекти за заштита на шуми во РМ во 2017 година.

 

 

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 08.08.2017