Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Работилница во организација на СИГМА и ДЗР (6-7 ноември)
Значењето и фокусот на дигиталната ревизија

Под покровителство и во организација на СИГМА, Државниот завод за ревизија беше домаќин на работилницата на која учествуваа претставници на Врховните ревизорски институции на земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската унија. На работилницата учествуваа претставници од ВРИ на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Република Северна Македонија, Србија и Турција, како и експерти од СИГМА, Шкотска, Летонија и од  Европскиот суд на ревизори.

 

 

Главните цели на работилницата беа да се создаде платформа за дискусија меѓу ВРИ на мрежата околу предизвиците со кои се соочуваат во одговорот на дигитализацијата на владините операции и новиот начин на доставување на јавните услуги; дигиталните алатки и технологијата што можат да ја користат за поддршка на нивната работа; како да се градат релевантните капацитети и вештини на ревизорите во институциите со цел ефикасно и ефективно да испорачуваат производи кои ќе имаат поголемо влијание.

Работилницата беше интерактивна и се засноваше на презентации на случаи. Експерти од земјите членки на Европската унија ги информираа учесниците за нивните практики, додека претставниците на ВРИ на мрежата споделија искуства за тоа како тие ја развиваат ИТ и дигитална ревизија.

 

 

Притоа беше истакнато дека ВРИ прават напори да ги решат проблемите и ризиците што се релевантни за нив како засегнати страни и да одговорат на предизвиците што ги носи  ерата на дигитализација. Работилницата им овозможи на учесниците и неформално да ги споредуваат националните искуства и да дискутираат за специфични теми.

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 08.10.2019