Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународни ревизорски активности
Конгрес на INCOSAI во Москва

Во периодот од 23 до 28 септември главниот град на Руската федерација, Москва е домаќин на 23-от по ред Меѓународен конгрес на Врховните ревизорски институции (INCOSAI).  Се очекува на конгресот, кој е најрепрезентативен во историјата на INCOSAI, да учествуваат околу 170 делегации од земјите членки кои ќе дискутираат/дебатираат  за улогата на ревизијата во остварувањето на националните развојни цели (извештај на оваа тема го подготви руската страна).

 



Првиот ден од форумот агендата предвидува одржување на состаноци на три комитети (споделување на знаење, градење на капацитети и професионални стандарди). Покрај панелните сесии, конгресот вклучува мини-стратешки сесии на учесници за развојот на самиот INTOSAI: како да се зголемат перформансите на организацијата, како да се обезбеди доверба помеѓу телата за ревизија и другите органи.

 


Главните теми на агендата се:  „Улогата на информатичките технологии во развојот на јавната администрација“ и „Улогата на врховните институции  во постигнувањето на националните приоритети и цели”. Конгресот ќе заврши со усвојување   на заедничка декларација - Московска декларација.


Годинава, Русија го презема претседателството на INCOSAI, а шефот на Комората за сметки на Руската федерација, Алексеј Кудрин ќе стане  претседател во наредните три години. Во таа насока, учесниците на конгресот ќе ги поздрави и Владимир Путин, претседател на Русија.

 


Конгресот на INCOSAI, кој е врховен орган на организацијата, се одржува еднаш на три години. На актуелниот во Москва, покрај делегациите на ВРИ, учествуваат и економисти, експерти во јавната администрација и социјалната сфера, претставници на Организацијата на обединетите нации и на Светската банка, ОЕЦД и други. Делегацијата на ДЗР ја сочинуваат заменик главниот државен ревизор, Насер Адеми и помошниците на ГДР, Тања Јаневска и Цвета Ристовска.

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 25.09.2019