Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународни ревизорски активности
Заврши твининг проектот на ДЗР

На 14 декември 2017 година официјално Државниот завод за ревизија започна со реализација на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на Државниот завод за ревизија за вршење на надворешна ревизија“, кој е финансиран од  ИПА 2013 фондовите на Европската унија. Овој проект се реализираше во соработка со твининг партнери од земји членки на Европската унија, и тоа: Националниот завод за ревизија на Република Бугарија и Државниот завод за ревизија на Република Хрватска.

 


 Во проектот кој официјално завршува на 14 септември 2019 година, беа вклучени експерти од вкупно осум европски земји и институции и тоа: Бугарија, Хрватска, Финска, Германија, Естонија, Литванија, Португалија и Европскиот суд на ревизори.

 


Твининг проектот се реализираше во 4 компоненти и тоа:

- Компонента 1: Подобрување на ревизорските процеси во
согласност со меѓународните стандарди на
  врховните ревизорски
институции;

- Компонента 2: Зајакнување на капацитетите за ревизија на ДЗР;

- Компонента 3: Зајакнување на соработката помеѓу ДЗР и Собранието за разгледување на ревизорските
  извештаи; и

- Компонента 4: Подобрување во управувањето со ИТ, комуникациите и човечките ресурси за потребите на
   ревизорските процеси.

 

 

Во реализација на твининг активностите преку компонентите активно беа вклучени 36 вработени во Државниот завод за ревизија,  што претставува 40% од вкупниот број на вработени, додека со обуките и другите активности на проектот беа опфатени сите вработени во институцијата, со што се овозможи да стекнат сознанија за европските практики во спроведување на ревизиите.

Во рамките на проектот особено значајна беше Компонентата 3 која се фокусира на зајакнување на соработката на Државниот завод за ревизија со Собранието на Република Северна Македонија. Целта на активностите на Компонента 3 беше да се обезбеди редовно разгледување на ревизорските извештаи во законодавниот дом, а со тоа и зајакнување на улогата на државната ревизија, како и преземање на корективни мерки и активности за спроведување на ревизорските препораки.

 


Во директна соработка со нашите пратеници и со собраниските служби, со помош на нашите твининг партнери, беа спроведени низа активности чија основна цел беше подигање на свеста на пратениците за значењето на работата на Државниот завод за ревизија и за покренувањето на редовна и квалитетна собраниска дебата заради поголемо влијание на ревизорските извештаи.

Како резултат на овие активности на Твининг проектот, имаме јасни препораки во однос на тоа што е потребно за развивање на квалитетна собраниска дискусија за ревизорските извештаи и каков треба да биде очекуваниот ефект од разгледувањето на ревизорските извештаи во Собранието. Во таа насока, до собранието е доставен предлог за изменување и дополнување на Законот за државната ревизија, со кој ќе се регулира разгледувањето и дискутирањето по ревизорските извештаи на Државниот завод за ревизија во собранието.

 

 

На свеченото затворање, заменик главниот државен ревизор Насер Адеми им се заблагодари на сите кои учествуваа во проектот, како и на сите вработени во ДЗР потенцирајќи го нивното активно учество во изминатите 21 месец колку што траеше твининг проектот.

Покрај поздравниот говор на г-н Фрек Јанмат, претставник на делегацијата на Европската унија во Скопје, свои обраќања на настанот имаа и Цветан Цветков, претседателот на Националниот завод за ревизија на Република Бугарија и Иван Клешиќ, главен државен ревизор на Република Хрватска. Свое обраќање имаше и Неговата Екселенција, Ангел Ангелов, амбасадор на Република Бугарија и Ана Вучиќ, претставник на амбасадата на Република Хрватска.

 

 

Постигнатите резултати, прегледот на проектните активности, научените лекции и идните предизвици ги презентираа трите проектни лидери: Тања Јаневска (ДЗР), Вјара Ангелова (ВРИ Република Бугарија) и Божо Вулетиќ Антиќ (ДЗР на Република Хрватска). Модератор на настанот кој се одржа на 10.09.2019 година во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, беше Александар Поповски, генерален секретар на ДЗР. 

 


 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 11.09.2019