Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународни ревизорски активности
Состанок на Контакт комитетот во Варшава

Варшава е домаќин на 28-те раководители на највисоките ревизорски институции (ВРИ) на Европската унија и на Европскиот суд на ревизори кои го формираат Комитетот за контакт. Со Комитетот претседава Претседателот на Врховната ревизорска канцеларија на Република Полска, Кшиштоф Квитковски.

Една од ударните теми на овој состанок е дигиталната агенда за Европа што се наметнува како еден од приоритетите на Европската унија како ерспектива на граѓаните. Дигиталната агенда ја има својата граѓанска димензија. Достапноста до информации ги гради одговорност и транспарентност на јавните институции. Со неа се отвораат нови можности за создавање на е-демократија. На темата со наслов: „Како можеме да ги смениме јавните институции користејќи ги дигиталните алатки за да изградиме доверба и нов модел на соработка помеѓу граѓанското општество, граѓаните и властите“, презентација имаше Michal Boni, член на Европскиот парламент со мандат 2014-2019 година.

 


Покрај оваа присутните дискутираа и на други теми во одвоени панел дискусии, при што интересна беше темата за предизвици и можности за спроведување ревизии на успешност поврзани со Европската унија и националните програми во областа на Е-влада и сајбер сигурноста.

Шефовите на ВРИ на Албанија, Црна Гора, Република Северна Македонија, Србија, Турција, како и претставници на СИГМА, се поканети да присуствуваат на состанокот како активни набљудувачи. Во тој контекст, делегација на Државниот завод за ревизија ја сочинуваат Насер Адеми, заменик главен државен ревизор и Наташа Михаилова, виш ревизор во секторот за унапредување на ревизијата и меѓународната соработка.

Треба да се истакне дека учесниците на состанокот на Контакт комитетот што се одржува во Варшава ги поздрави претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда кој имаше и куса средба со нив.

 


 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 27.06.2019