Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: [email protected] 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Едукација на државните ревизори
Обука за подобрување на ревизорските извештаи

Државниот завод за ревизија, како еден од своите стратешки приоритети секогаш ги има државните ревизори и нивните професионални надградби и усовршувања. Затоа, и во месец март продолживме со спроведување на нови теми во насока на реализација на Годишниот план за континуирано усовршување и обуки за 2019 година.

На оваа сесија темите беа Основи на INTOSAI концептот и Кодексот на етика - Perpetuum mobile помеѓу етиката и ревизијата, запознавање со концептот на контрола на квалитет и осигурување на квалитет – како да се подобри ревизорскиот извештај, подобрување на РИ – концептот, содржината, употреба на јазик и стил на пишување, употреба на алатки заради олеснување на восприемање на пораката од  ДЗР кон сите заинтересирани страни – според видови на ревизии (РФИ, РУт и РУ) како и напредни алатки за постигнување на 3 те Е во ревизијата.

 

 

Реализацијата на обучните активности започна на 25.03.2019 година во просториите на Клуб на пратеници и продолжи на 26.03.2019 година. Истата беше дизајнирана и спроведена со заедничко учество и придонес од:

  • м-р Тања Тасевска, Советник на ГДР за ревизорски методологии и практики, ОДР и IDITSCD – сертифициран специјалист за обуки од INTOSAI и CFE,
  • Бранислав Гулев, Советник на ГДР и ОДР и
  • Сашо Јаковчевски, раководител на ревизија.

    Обуката беше наменета за вработени во ДЗР на различни нивоа и звања и на истата присуствуваа  65 лица.

 



Согласно Годишниот план за континуирано усовршување и обуки за 2019 година - поглавја Основно ниво на обуки и Напредно ниво на обуки, темите на обуката беа следните:

  • I.5. Основи на INTOSAI концептот и Кодексот на етика
  • I.6. Запознавање со концептот на КК и ОК
  • II.6. Обука за подобрување на ревизорските извештаи - концепт, содржина, употреба на јазик и стил, употреба на алатки (инфографици и други) заради олеснување на восприемање на пораката од ДЗР кон сите заинтересирани страни
  • II.7. Напредни алатки за 3 Е во ревизијата (поврзано со т.II.6.)

Обуката беше спроведена во атмосфера на интерес и споделување на мислења и искуства на државните ревизори по прашањата за тоа зошто и колку е важна етиката во ревизорската професија, зошто и како да се подобрат ревизорските извештаи од различни видови на ревизии, како контролата на квалитет и осигурувањето на квалитет ќе го подобрат разбирањето на пораката која ја праќа ДЗР до сите заинтересирани страни, што е ново во трансферот на ISSAI кон крајот на 2019 година, кои алатки се подобри и кога треба да се одлучиме за нивна употреба – инфографици, графикони, табели, пити, дијаграми и друго.

Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија знае дека човечките ресурси и вложувањето во нивните професионални обуки и капацитети претставуваат најголема инвестиција за институционално и професионално препознавање на институцијата во нашето опкружување.  

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 04.04.2019