Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Тркалезна маса и коктел со гости од ВРИ од регионот и Европа
ЈУБИЛЕЈ – 20 ГОДИНИ ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА

Државниот завод за ревизија го обележа својот јубилеј - 20 години од неговото работење - – настан кој се одржа во два дела , првиот работен дел и вториот свечен прием и коктел. На јубилејот беа поканети и се одзваа многумина челници на ВРИ од регионот и  пошироко, гости од институциите од Република Северна Македонија со кои ДЗР соработува, поранешните Главни државни ревизори и заменици главни државни ревизори. На поканата се одзваа и сите поранешни вработени, сега веќе пензионери и сите актуелни вработени во ДЗР.

 



Јубилејот – 20 години од работењето на Државниот завод за ревизија – беше одбележан  во рамките на проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на Државниот завод за ревизија за вршење на надворешна ревизија„ кој е финансиски поддржан од Европската унија, а се реализира со твининг партнерите – ВРИ на Република Бугарија и ВРИ на Република Хрватска.

 



Поздравни обраќања имаа заменик главниот државен ревизор Насер Адеми, како домаќин на настанот, потпреседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски, претседателот на EUROSAI и претседател на Турскиот суд на ревизија, Сејит Ахмет Баш и Фрек Јанмат, раководител на секторот за економски прашања при делегацијата на Европската унија.



 

Во рамките на првиот дел беше одржана „Тркалезна маса“ на тема „Соработка на ДЗР со парламентот на Република Северна Македонија“  каде учествуваа претставниците на Државниот завод за ревизија на Република Хрватска, Бисерка Чох Микулец и Недељка Рогошиќ, претседателот на ВРИ на Република Бугарија, Цветко Цветков, Дитмар Вајрих од ВРИ на Германија. Во работниот дел свои излагања на темата имаа и Лилјана Кузмановска, претседател на собраниската Комисија за финансирање и буџет и м-р Цвета Ристовска, помошник главен државен ревизор. Модератор на работниот дел беше Тања Јаневска, помошник главен државен ревизор.

 

 

 На свечениот дел, коктелот по повод јубилејот, обраќање имаше министерот за финансии Драган Тевдовски, кој го истакна значењето на ДЗР како ВРИ на Република Северна Македонија и неговата улога во зајакнување на свеста околу трошењето на буџетските средства. Потоа, пред учесниците на јубилејот, присутните гости, поранешните и сегашните вработени во ДЗР беше презентиран кус видео филм во контекст на 20 години кои ДЗР ги има зад себе.

 

 

 Во таа прилика, преку видео порака, Заменик главниот државен ревизор се заблагодари на вработените во ДЗР, сегашни и поранешни, истакнувајќи дека зад издадените над 1.500 ревизорски извештаи, зад напишаните ревизорски наоди и дадените ревизорски препораки, заслугите им припаѓаат на државните ревизори.

 

 

 

 

 

 

 


 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 01.04.2019