Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународни активности
Годишен состанок на работната група за ревизија и етика на ЕУРОСАИ

Главниот град на Португалија, Лисабон беше домаќин на 9-от годишен состанок на работната група за ревизија и етика на ЕУРОСАИ. На овој состанок претставници на Државниот завод за ревизија беа м-р Наташа Михаилова, виш ревизор и Мумин Абдулаи, помлад ревизор. Во рамките на состанокот, претставниците на ДЗР имаа своја презентација на анкетата за интегритетот во јавниот сектор која во 2017 година ја спроведе ДЗР.

Активностите на оваа работна група се посветени на етиката и интегритетот во рамките на Врховните ревизорски институции и ревизијата на етика во јавниот сектор. Сите овие активности редовно се презентираат на годишните состаноци на вработените во ДЗР.

 



На годишниот состанок на работната група во Португалија беа презентирани: новата нацрт директива на Европската унија во однос на заштитата на укажувачите, ISO стандардот 37001:2016 кој се однесува на антикорупциски менаџмент систем, Into-SAINT алатката како регионален проект за самооценување на нивото на интегритет во ВРИ, примената на ISSAI 30 и упатството за примена на овој стандард.

Тема на презентација беа и новитетите во однос на иницијативите преземени од Врховните ревизорски институции на Турција, Романија и Полска, како и од Европскиот суд на ревизија во однос на етиката и системот на контрола.

Во рамките на состанокот беа организирани работни сесии за изработка на алатката за модели на обука за интегритет.

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 27.11.2018