Во организација на ДЗР, а со присуство на претставници на делегацијата на Европската унија, пратеници од македонскиот парламент и претставници од поголемите политички партии, како и претставници од Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата и други поканети гости, се одржа Тркалезната маса на тема „Ревизија на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи“.
На дебатата учествуваа и државните ревизори вработени во Државниот завод за ревизија, претставници на невладини организации и други гости од ВРИ на Бугарија меѓу кои беа и г-н Емил Евлогиев, член на ВРИ на Бугарија и г-н Георги Николов, поранешен претседател на ВРИ на БУгарија, како претставници на ВРИ на Хрватска. Инаку, и двете ВРИ се партнери на ДЗР во реализирање на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на ДЗР за вршење на надворешна ревизија“ кој е финансиски поддржан од Европската унија. 
На Тркалезната маса во организација на ДЗР, шефот на делегацијата на Европската унија Н.Е. Самуел Жбогар даде отворена подршка во насока на ревизија на партиите и изборните кампањи, а твининг партнерите ја изразија подршката преку размена на искуствата кои ги имаат ВРИ на Бугарија и на Хрватска.
- Европската унија му ја дава поддршката за Државен Завод за Ревизија за подобар мониторинг на политичките партии. Во нивното финансирање јавноста гледа ризик за корупција. Проблемот е допрен со последните законски измени, но партиите треба да ја подобрат финансиската транспарентност и внатрешната демократија, - изјави шефот на делегацијата на ЕУ, Неговата екслеленција Самуел Жбогар. 
Во иста насока беше и говорот на г-н Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија кој ја истакна важноста од ревидирање на политичките партии и неопходноста од меѓусебната соработка на парламентот и Државниот завод за ревизија. 
Со прашања и дискусии учествуваа и актуелните парламентарци, претставници на политичките партии и на ДИК и ДКСК. На нивните прашања одговори дадоа претставниците на ВРИ на Бугарија, претседателот г-н Цветко Цветков и претставниците на ВРИ на Хрватска г-н Божо Вулетиќ-Антиќ и г-ѓа Недељка Рогошиќ. 
Активно учество во дискусиите имаа и заменик гтавниот државен ревизор г-н Насер Адеми и г-ѓа Цвета Ристовска, помошник на главниот државен ревизор задолжена за ревизија на политичките партии. Тркалезната маса ја модерираше г-ѓа Тања Јаневска, помошник на главниот државен ревизор.
Настанот беше проследен од претставниците ма медиумите кои имаа можност да постават прашања и да добијат одговори за сето она за кое беа заинтересирани. 
|