Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународни активности
Државните ревизори во Варшава – тема „Ревизорска методологија“

Државните ревизори м-р Тања Тасевска, државен советник за стратешко планирање, инаку Овластен државен ревизор и IDI специјалист за обука и Сашко Геразов, Виш ревизор и раководител на тим учествуваа на работната средба на тема „Ревизорска методологија“.  Истата беше организирана и спроведена од  EUROSAI и ВРИ на Полска, како резултат на активностите предвидени и проектирани во „Стратегискиот план на EUROSAI 2017-2023 година“.

 

 

 Средбата се одржа во простории на ВРИ на Полска (16 и 17 октомври) и на неа присуствуваа 57 претставници од земјите членки на EUROSAI, претставници на Европскиот суд на ревизија (ECA – European Court of Auditors), претставници на EUROSAI WGIT Secretariat  и претставници на IDI – INTOSAI Development Initiative. Покрај ова присутни беа и претставници на фирми надворешни соработници на ВРИ на Полска и 14 претставници од ВРИ на Полска како домаќин на настанот.

 

 

 Согласно агендата на настанот беа презентирани 23 презентации од учесници кои ги претставуваа ВРИ, и тоа за искуствата од повеќе ревизорски аспекти.  Работата на учесниците беше поделена на три области, и тоа:


1) Осигурување на квалитет – осигурување на квалитет во ревизиите, вклучително и квалитет во примена на ISSAI/INTOSAI стандардите;

2) Комуницирање/канали за комуникација со заинтересираните страни – вклучително и современи методи за претставување на ревизорските наоди и препораки  (со особена назнака на употреба на инфографици како алатка);

3) Планирање на ревизиите, стратегиско и оперативно ниво – со користење на анализа на ризици;

 

 

 Во секоја од областите беа споделени искуствата на претставниците на ВРИ низ презентации, дискусии и работа по работни групи. Учеството на претставниците на ДЗР на средбата на тема „Ревизорска методологија“ беше исполнето со активен придонес во работата на секоја од работните групи преку споделување на професионалните познавања и искуства. Притоа, м-р Тања Тасевска, Овластен државен ревизор со 30 годишно професионално искуство  во ревизијата и IDI специјалист за обука и професионален тренер имаше самостојна презентација на заклучоците од резултатите на работната група од третата област.

 


 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 25.10.2018