Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Состанок на ВРИ на земјите членки на Европската унија (11-12 октомври)
Делегација на ДЗР на состанок на Контакт комитетот

Делегација на Државниот завод за ревизија, предводена од заменик главниот државен ревизор Насер Адеми, учествуваше на состанокот на Контакт комитетот што се одржа во Дубровник, Хрватска (11-12 октомври). Покрај ЗГДР во делегацијата на ДЗР беа и м-р Цвета Ристовска, помошник на главниот државен ревизор и Калиопи Петкоска, самостоен ревизор.


На состанокот на шефовите на ВРИ на земјите членки на ЕУ учествуваа и претставници на Врховните ревизорски институции на земјите кои се кандидати за членство во Европската унија во својство на активни набљудувачи: Македонија, Турција, Црна Гора, Србија и Албанија. На состанокот учествуваа и претставници на Европскиот суд на ревизија (ECA)  и на СИГМА.

 


 Состанокот го отвори и го водеше главниот државен ревизор Иван Клешиќ кој во името на Државниот завод за ревизија на Република Хрватска, домаќин на состанокот, ги поздрави присутните и им посака успешна работа.  

 


На првиот дел на состанокот се одржа семинар на тема „Интеракција со граѓаните“ на кој беа презентирани повеќе аспекти од соработката на граѓаните со ВРИ и нивниот придонес во работата на ВРИ.

На агендата на состанокот во Дубровник беа неколку теми како измените на рамката за соработка во врска со комуникација на Контакт комитетот врз основа на заклучоците од состанокот на офицерите за врска одржан во Малта (мај 2018) и извештаите за работата работните групи на Контакт комитетот.

 

 

Состанокот беше затворен со неколку заклучоци меѓу кои и одлуката домаќин на наредниот состанок на Контакт комитетот во 2019 година  да биде ВРИ на Полска.  

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 16.10.2018