Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународна соработка
Јубилеј на Националната ревизорска канцеларија на Косово

Делегација на ДЗР предводена од заменик главниот државен ревизор Насер Адеми присуствуваше на тематската конференција која се одржа во главниот град на Косово, Приштина (04 октомври). Конференцијата беше организирана по повод одбележување на јубилејот – 15 години од формирањето на Националната ревизорска канцеларија на Косово.

 

 

Воведно обраќање на конференцијата имаа генералниот ревизор на Косово, Бесник Османи и Seyit Ahmet Baş, претседател на EUROSAI и претседател на Судот на ревизија на Турција и Дритон Селманај, претседател на Комисијата за јавни финансии на Косово.

 

На конференцијата тема беше „Улогата и влијанието на Врховната ревизорската институција во обновување на довербата на јавноста во јавниот сектор“. Конференцијата се одржа преку две панел дискусии. Првата беше на тема „Влијанието на ревизијата на успешност за подобро управување“ и втората „Покажување на континуирано значење на ВРИ кон општеството преку извршување на ревизии засновани на ризик“.

 

 

На одбележување на јубилејот присуствуваа делегации и претставници на повеќе ВРИ од Европа и од регионот. Во делегацијата на ДЗР, покрај заменик главниот државен ревизор, беа и м-р Максим Ацевски, помошник на главниот државен ревизор и Орхан Адеми, ревизор.

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 05.10.2018