Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Твининг проект на ДЗР
Делегација на ДЗР во посета на Судот за ревизија на Република Словенија

Седумчлена делегација на Државниот завод за ревизија оствари дводневна посета (12-13 септември) на Судот за ревизија на Република Словенија, што беше дел од активностите на „Компонента 4“ во рамките на твининг проектот кој ДЗР го реализира со колегите од Државниот завод на Република Хрватска и Сметната палата на Република Бугарија. Делегацијата беше предводена од  заменик главниот државен ревизор Насер Адеми, а за време на посетата беше примена и од претседателот на Судот за ревизија на Република Словенија, Томаж Весел.

 



За време на посетата беа презентирани неколку актуелни теми за вршење на ревизија на успешност и од извршените ИТ ревизии од колегите ревизори на словенскиот суд за ревизија. При размена на искуствата меѓу двете делегации, посебен интерес за време на презентациите предизвикаа ИТ ревизијата на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана и ревизијата на успешност на тема „Превенција на преголема телесна маса во оброци на децата“. Според информациите на колегите од Словенија овие две ревизии предизвикале зголемен интерес во медиумите и кај пошироката јавност.

 



За време на престојот во интерактивната дискусија меѓу двете делегации беа разменети искуствата на полето на комуникацијата. Се разговараше за протоколот и принципите на комуникацијата, за хоризонталната и вертикалната интерна комуникација. Тема на разговор беше и начинот и средствата при комуникацијата со медиумите, со новинарите и со пошироката јавност. Беа разменети искуства и за комуникацијата на меѓународно ниво, како и за новите иновативни алатки како средство за подобрување на комуникација и транспарентноста во работењето на Врховните ревизорски институции.

 



Во делегацијата на ДЗР, покрај заменик главниот државен ревизор, Насер Адеми, беа и Тања Јаневска, ПГДР и лидер на проектот, Сашо Јаковчевски, помошник раководител на ревизија и раководител на компонента 4, Мијалче Дургутов, ревизор и заменик раководител на компонента 4, Марија Бачовска-Тренчевска, ревизор, Катерина Терзиоска, помлад ревизор и Али Тахири, помлад ревизор (тројцата членови на компонента 4).

 

 

 

 

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 18.09.2018