Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Собрание на Република Македонија
Усвоен Годишниот извештај на ДЗР за 2017 година

На седницата на Собранието на Република Македонија точка на дневен ред беше и „Годишниот извештај за извршените ревизии и за работењето на ДЗР во 2017 година“. Станува збор за седницата на парламентот која почна на 29 август, а која вчера (03 септември) го имаше своето продолжение на кое се расправаше и по годишниот извештај на ДЗР. 

По расправата на парламентарците по истиот, а на која присуствуваше и заменик главниот државен ревизор, Насер Адеми, годишниот извештај беше усвоен со 61 глас „за“ и ниту еден против.

Годишниот извештај на ДЗР годинава за првпат беше печатен во три верзии на македонски, англиски и албански јазик. Во него се содржани комплетните ревизорски активности искажани низ бројки, видовите на ревизорски мислења презентирани процентуално, преземените мерки по дадените ревизорски препораки, податоци од извршените ревизии на вкупните финансиски извештаи на политичките партии кои учествуваа на предвремените парламентарни избори, податоци од ревизиите на јавните набавки и друго.

Комплетниот извештај е достапен на WEB страницата на ДЗР. (www.dzr.mk)

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 04.09.2018