Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Седница на комисија за финансирање и буџет
Донесени заклучоците по Годишниот извештај на ДЗР за 2017 година

На седницата на Комисијата за финансирање и буџет, која се одржа на 27.08.2017 година, меѓу осумте точки кои беа на дневен ред беше и „Годишниот извештај за извршените ревизии и за работењето на Државниот завод за ревизија во 2017 година“. Притоа, членовите на комисијата го изнесоа своето мислење во однос на извештајот и се водеше дискусија по неговата содржина по кое комисијата излезе со конкретни заклучоци по однос на истиот.

Во материјалната расправа членовите на комисијата го разгледаа и расправаа и по „Извештајот на независниот ревизор“ кој ги третира финансиското работење на ДЗР и други правни и регулативни барања.

По заклучување на расправата, и по гласањето на членовите на комисијата по „Годишниот извештај за извршените ревизии и за работењето на Државниот завод за ревизија во 2017 година“, истиот оди во понатамошна процедура, односно на расправа на пленарна седница на Собранието на Република Македонија. Во тој контекст, годишниот извештај на ДЗР веќе е ставен на дневен ред за расправа пред парламентарците на пленарната  седница број 58, која  почна на 29.08.2018 година и која го чека своето продолжение на кое ќе се расправа и по годишниот извештај на ДЗР за  2017 година.

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 31.08.2018