Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Брифинг за новинарите организиран од ДЗР
Тема: Годишниот извештај за 2017 година

Залагајќи се за поголема транспарентност, едно од петте основни принципи на „Стратегија за развој на ДЗР 2018-2022 година„ Државниот завод за ревизија организираше брифинг за новинарите кој го водеше Мијалче Дургутов, ревизор во Секторот за информациски системи, задолжен за информирање на јавноста.

 



На брифингот на присутните новинари  им беа презентирани најновите податоци низ ревизорски бројки, процентуално изразени видови на ревизорски мислење, преземени мерки по дадените препораки, ревизија на политичките партии, спроведување на јавните набавки и спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. 

 


 

Притоа Дургутов одговори на сите отворени прашања и дилеми од кои повеќето се однесуваа на извршената ревизија на политичките партии во предизборната кампања. Интересна тема беа и јавните набавки т.е. нивното (не)спроведување. Дел од новинарите се интересираа за начинот како се одредуваат субјектите кај кои ДЗР врши ревизија и за тоа што значат видовите изразени ревизорски мислења.

 


 

На овој новинарски брифинг од страна на Мијалче Дургутов претставниците на медиумите беа информирани дека Годишниот извештај на ДЗР за прв е печатен на три јазици: македонски, англиски и албански. Во тој контекст, новинарите беа запознаени дека наскоро се очекува Годишниот извештај на ДЗР  да се најде на пленарна седница, секако откако прво ќе помине низ расправа на Комисијата за финансирање и буџет. И во едната и во другара прилика, ДЗР ќе организира средба со новинарите на која ќе биде присутен и заменик главниот државен ревизор, Насер Адеми.

По доставувањето на Годишниот извештај на ДЗР до Собранието на Република Македонија, истиот е поставен и на WEB страницата на ДЗР и до него можете да стигнете преку следните линкови.

 

http://www.dzr.mk/Uploads/DZR_Godisen%20izvestaj_2017_MKD_REDUCE.pdf

http://www.dzr.mk/Uploads/DRZ_Godisen%20izvestaj_ALB_REDUCE.pdf

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 28.06.2018