Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Твининг проект на ДЗР поддржан од Европската унија
Состанок на Управниот комитет

Заменик главниот државен ревизор Насер Адеми го отвори состанокот на Управниот комитет на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на ДЗР за вршење надворешна ревизија“ кој се одржа во Скопје.  На вториот по ред состанок на комитетот присуствуваа сите негови членови од трите партнери: ДЗР, Сметната палата на Република Бугарија и Државниот завод за ревизија на Република Хрватска. Беа присутни и претставниците на централната единица за финансирање и склучување на договори во Министерството за финансии и секретаријатот за европски прашања.

 



- По пет месеци од почнување на проектот со задоволство можам да истакнам дека активностите се реализираат согласно планираната динамика. Во компонентата 1 се реализирани три мисии, во компонентата 2 се реализирани обуките од ревизија на успешност и беа доделени дипломите на учесниците за успешно завршената обука. Во рамките на компонента 3 успешно беше реализирана студиската посета на хрватскиот парламент во Загреб и во компонентата 4 се реализирани контактите за организирање на самопроценките за ИТ и за ИТ ревизија, - истакна ЗГДР, Насер Адеми.

 



За време на состанокот лидерите на компонентите презентираа детали од реализираните активности и согласно агендата на состанокот ги предложија активностите во наредните шест месеци.

Инаку, проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на ДЗР за вршење надворешна ревизија“ ДЗР го реализира со Државниот завод за ревизија на Република Хрватска и со Сметната палата на Република Бугарија. Истиот е поддржан од Европската унија.

 

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 14.06.2018