Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Ревизорска едукација
Доделени сертификати на државните ревизори

Едукацијата на државните ревизори е перманентна активност која ДЗР преку соработка со други институции ја практикува години наназад. Во оваа прилика, во просториите на ДЗР беше организирана тридневна обука за ревизија на успешност на која присуствуваа 22 државни ревизори.

 



Обуката беше реализирана во рамките на Активноста 2.3 од компонентата 2 од твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на ДЗР за вршење надворешна ревизија“.

Обуката ја водеа експерти од Националниот завод за ревизија на Република Бугарија, и тоа Детелина Хаџиева, Главен ревизор, Национален завод за ревизија на Република Бугарија и Иванка Кесјакова, Главен ревизор, Национален завод за ревизија на Република Бугарија.

Активноста беше затворена со официјален дел на кој Заменик главниот државен ревизор Насер Адеми им ги додели сертификатите на учесниците за успешно завршената обука.

Дел од фотографиите од настанот можете да ги погледнете на линкот подолу.

https://www.facebook.com/Twinning-SAO-MK-323558371482053/

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 07.06.2018