Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународни активности
Делегација на ДЗР на конференција во Софија

Сметната палата на Република Бугарија е организатор на конференцијата која се одржува на високо ниво во Софија под бугарско претседателство на Советот на Европската унија. На конференцијата учествуваат повеќе од 80 претставници на 26 Врховни ревизорски институции од Европа и претставници на Европскиот суд на ревизија. Делегацијата на Државниот завод за ревизија ја предводи заменик главниот државен ревизор, Насер Адеми, а  во неа се и Сашо Јаковчевски, помошник раководител на ревизија и Катерина Терзиоска, преведувач.

 

 

Тема на конференцијата е "Улогата на врховните ревизорски институции во зајакнувањето на одговорноста, транспарентноста и интегритетот во јавниот сектор". Агендата на настанот предвидува конференцијата да ја отвори претседателот на Сметната палата на Република Бугарија, Цветко Цветков. Поздравни обраќања кон присутните ќе имаат Лилијана Павлова, министер во Советот на Европската унија за време на бугарското претседавање и Klaus Heiner Lehne, претседател на Европскиот суд на ревизори.

 

 

Дискутантите на конференцијата се распоредени во четири панел групи со дискусии на различни теми. Во третата панел група каде дискусиите ќе се водат на тема „Модернизација на административниот капацитет на ВРИ - пример за добро владеење во јавниот сектор“, 20  минутно обраќање и дискусија ќе има Насер Адеми, заменик главен државен ревизор. Покрај него во оваа панел група на истата тема дискусија ќе има и претседателот на ВРИ на Полска, Krzysztof Kwiatkowski.

 

 

 

 

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 15.05.2018