Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Твининг проект на ДЗР поддржан од Европската унија
Делегација на ДЗР во посета на хрватскиот парламент

Осумчлена делегација на Државниот завод за ревизија, предводена од Заменик главниот државен ревизор Насер Адеми, и тројца пратеници предводени од претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска се во тридневна студиска посета на парламентот на Република Хрватска и на Државниот завод за ревизија на Република Хрватска. Посетата се одвива од 23 до 26 април во рамките на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на ДЗР за вршење надворешна ревизија“. Овој проект ДЗР го реализира со Државниот завод за ревизија на Република Хрватска и со Сметната палата на Република Бугарија, а е поддржан од Европската унија.

 

 

Во рамките на третата компонента од овој твининг проект предвидено е зајакнување на соработката на ДЗР со македонскиот парламент што е од посебно значење во контекст на разгледување и парламентарна дебата на конечните ревизорски извештаи издадени од ДЗР. Посетата на државните ревизори и на македонските парламентарци ќе биде искористена за анализа на фактичката состојба околу разгледување на ревизорските извештаи во хрватскиот парламент, при што компаративната анализа на механизмите за тоа ќе биде искористена во македонската пракса.

 

 

Во таа насока, за време на посетата државните ревизори и македонските пратеници ќе се запознаат со начинот на соработката меѓу Комисијата за финансирање и буџет на хрватскиот парламент и на Државниот завод за ревизија на Република Хрватска. За време на посетата ќе се разменат искуства и за начинот на кој се разгледуваат и на кој се расправа по содржината на ревизорските извештаи во парламентот. Претставниците на ДЗР и на македонскиот парламент ќе имаат можност да присуствуваат и на пленарната седница на хрватскиот парламент закажана за 25.04.2018 година (среда), кога ќе се разгледуваат и ќе се расправа по ревизорските извештаи.

 

 

Делегацијата на ДЗР која ја реализира оваа студиска посета ја предводи заменик главниот државен ревизор Насер Адеми, а во неа се: Цвета Ристовска (раководител на компонента), Александар Поповски (заменик раководител), Бранко Смилевски, Биљана Тановска, Викторија Черепналковска, Татјана Димитровска, Ирена Крстановска и Соња Камбовска (сите членови на компонента).

Претставници на македонскиот парламент се: Лилјана Кузмановска (претседател на Комисијата за финансирање и буџет), Реџаиљ Исмаили и Диме Велковски (членови на комисијата).

 


 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 24.04.2018