Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународни активности
Делегација на ВРИ на Косово во работна посета на ДЗР

По неодамнешната посета на заменик главниот државен ревизор Насер Адеми на Врховната ревизорска институција на Косово, при што беше договорена соработка и размена на искуства меѓу двете ВРИ, истата веќе се реализира преку тридневната работна посета на осумчлена делегација на ВРИ на Косово на Државниот завод за ревизија.

 

 

Косовската делегација е предводена од помошник главниот државен ревизор, Керкин Морина и првиот ден од престојот беше поздравена од заменик главниот државен ревизор Насер Адеми.

Теми за дискусија меѓу двете ревизорски делегации се Електронскиот систем за управување со ревизијата (AMS) кој е имплементиран од ДЗР, планирање на процесот на вршење ревизија, вршењето финансиска ревизија и ревизија на успешност и размена на искуствата и друго.

 


 Во овие разговори како членови на делегацијата на ДЗР ќе учествуваат Тања Јаневска, м-р Максим Ацевски и м-р Лилјана Стојанова (тројцата помошници на главниот државен ревизор), Бранислав Гулев (раководител на ревизија), Сашо Јаковчевски (помошник раководител на ревизија) и Орхан Адеми (ревизор).

 


 Во составот на делегација на ВРИ на Косово, покрај водичот на делегацијата ПГДР, Керкин Морина, се: Флорим Беќири, Енвер Боголи, Зуке Зука и Рамадан Гаши (четворицата директори на ревизија), Валмира Јонузи, Ернест Бека  и Валбона Плана (тројцата ревизори).

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 18.04.2018