Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународна соработка
Продлабочена соработката меѓу ревизорските институции на Македонија и Косово

Делегација на Државниот завод за ревизија предводена од Заменик главниот државен ревизор, Насер Адеми, а во која беа и Максим Ацевски, Помошник на главниот државен ревизор и Орхан Адеми, ревизор, оствари еднодневна посета на Врховната ревизорска институција на Косово. Делегацијата на ДЗР беше примена и водеше разговори со Генералниот ревизор на ВРИ на Косово, Бесник Османи кој ја предводеше косовската ревизорска делегација.

 

 

 На состанокот на двете делегации беше разговарано за билатералната соработка и нејзино натамошното зајакнување и продлабочување, за кое двете страни се договорија истото да се формализира со потпишување на билатерален договор.

 


 За време на посетата челните луѓе на двете ревизорски институции се согласија да развијат програма за заеднички активности, и тоа во контекст на размена на институционалните искуства. Косовската делегација  се интересираше за методологијата и професионалните квалификации со кои располага ДЗР, како и за електронско вршење на процесот на ревизија, односно за AMS системот кој е имплементиран од страна на ДЗР. Истовремено, двете страни разменија искуства околу нивната соработка со законодавните и извршните тела и слично.

 

 

 За време на посетата на ВРИ на Косово, делегацијата на Државниот завод за ревизија оствари средби со високи претставници на Министерството за финансии и на Министерството за локална самоуправа на Косово.

 

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 30.03.2018