Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Твининг проект на ДЗР во соработка со ВРИ на Хрватска
Воспоставување системска соработка меѓу ДЗР и македонскиот парламент

Неодамна Државниот завод за ревизија, заедно со своите твининг партнери - Сметната палата на Република Бугарија и Државниот завод за ревизија на Република Хрватска – официјално го промовираше својот нов твининг проект „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на Државниот завод за ревизија за вршење на надворешна ревизија” кој е поддржан и финансиран од Европската унија.

Во рамките на проектните активности т.е. низ една од четирите компоненти преку кои ќе се реализира проектот, се одржа и првата средба во насока на реализација на правната и институционалната реформа на системската соработка помеѓу Државниот завод за ревизија и македонскиот парламент.

 

 

Почетната средба се одржа во просториите на Собранието на Република Македонија. На средбата присуствуваа претставници на Парламентот (членови на Комисијата за финансирање и буџет), претставници на делегацијата на Европската унија со седиште во Македонија, како и претставници на Државниот завод за ревизија на Република Македонија и на Државниот завод за ревизија на Република Хрватска.

Воведни обраќања на средбата, која ја организираш и ја водеше претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, пратеничката  Лилјана Кузмановска, имаа Насер Адеми, заменик главен државен ревизор и Паулина Станоева, претставник на делегацијата на Европската унија.  По воведните обраќања свои видувања и дискусии имаа раководителот на “Компонента 3“, м-р Цвета Ристовска, ПГДР и нејзините колеги од ДЗР на Република Хрватска,  раководителот на компонентата Недељка Рогошиќ, ПГДР, Бисерка Чох Микулец , ПГДР и Инес Стегиќ, раководител на сектор.

На средбата беа отворени прашањата и предизвиците кои следат во однос на воспоставувањето на ефективна соработка помеѓу  македонскиот парламент и Државниот завод за ревизија на Република Македонија, од аспект на најдобри практики од земјите членки на Европската унија кои се однесуваат на соработката на Врховните ревизорски институции со домицилните парламенти.

Основната цел на оваа соработка е да се овозможи засилен надзор од страна на Собранието на Република Mакедонија во однос на спроведувањето на дадените ревизорски препораки и изнесените ревизорски мислења за начинот на трошење на јавните средства од институциите во јавниот сектор.

Посебен осврт на средбата беше даден на искуството произлезено од меѓусебната правна и институционална соработка на Хрватскиот сабор и Државниот завод за ревизија на Република Хрватска. Акцентот на оваа соработка беше ставен од аспект на реалното очекување дека Република Македонија ќе го користи токму хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската унија, како најмлада земја членка на унијата.  

Овие искуства се дополнети со фактот дека Република Хрватска има слични карактеристики на јавниот сектор со македонскиот, што  најмногу може да придонесе кон адекватно адаптирање и реформирање на актуелната соработка согласно европските пракси. Во таа насока, секако, ќе бидат разгледани и европските ревизорски практики на ниво на други земји членки на унијата, односно ќе биде подготвена темелна компаративна анализа од која ќе произлезе предлог модел што е една од наредните фази на твининг проектот.

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 01.03.2018