Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија



Последни вести

Меѓународни ревизорски активности

Делегација на ДЗР на III EUROSAI-ASOSAI заедничка конференција во Израел

На заедничката конференцијата која се одржува во Ерусалим, Израел (10-14 март) учествуваат 125 претставници на 44 Врховни ревизорски институции од светот, како и претставници на Европскиот суд на ревизори

Ревизорски активности

ОБУКА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ДЗР

Обуката произлезе од Годишниот план за континуирано усовршување и обуки за 2019 година и беше наменета за вработените во ДЗР, а дизајнирана и спроведена од м-р Тања Тасевска, Советник на ГДР за ревизорски методологии и практики, ОДР и IDITSCD – сертифициран специјалист за обуки од INTOSAI

Меѓународни активности

Потпишан договор за соработка меѓу ДЗР и Националната канцеларија за ревизија на Косово

Договорот за соработка меѓу двете Врховни ревизорски институции беше потпишан во Приштина од заменик главниот државен ревизор, Насер Адеми и генералниот ревизор на Косово, Бесник Османи

Меѓународни ревизорски активности

Заеднички ревизорски извештај за квалитет на воздухот

Петнаесет Врховни ревизорски институции од Европа, заедно со Европскиот суд на ревизори, извршија ревизија на квалитетот на воздухот и издадоа заеднички извештај кој претставува сеопфатно резиме за квалитетот на воздухот издадено од ВРИ на Албанија, Бугарија, Естонија, Грузија, Унгарија, Израел, Косово*, Молдавија, Полска, Романија, Словачка, Шпанија, Швајцарија, Македонија и Холандија

Медиумите за резултатите од работењето на ДЗР

Наоди на ревизијата: Како се продавало и отуѓувало државното градежно земјиште?

Во контекст на реализација на „Годишната програма за работа во 2018 година“, Државниот завод за ревизија издаде и на својата WEB страница објави неколку конечни ревизорски извештаи кои предизвикаат внимание во јавноста

Ревизорски активности

Донесена „Годишната програма за работа на ДЗР во 2019 година“

Заменик главниот државен ревизор, Насер Адеми ја донесе „Годишната програма за работа на ДЗР во 2019 година“ која стапува на сила од 01.01.2019 година

Меѓународни активности

Годишен состанок на работната група за ревизија и етика на ЕУРОСАИ

На состанокот во Португалија претставници на ДЗР беа м-р Наташа Михаилова, виш ревизор и Мумин Абдулаи, помлад ревизор кои имаа презентација на анкетата за интегритет во јавниот сектор спроведена од ДЗР

Тркалезна маса за ревизија на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи

Подршка на ДЗР од ЕУ и твининг партнерите

На Тркалезната маса во организација на ДЗР, шефот на делегацијата на Европската унија Н.Е. Самуел Жбогар даде отворена поддршка во насока на ревизија на партиите и изборните кампањи, а твининг партнерите ја изразија подршката преку размена на искуствата кои ги имаат ВРИ на Бугарија и на Хрватска

Интервју на Насер Адеми, ЗГДР, за Anadolu Agency (AA)

„Ние сме чувари на парите на граѓаните“

Во Европа и во светот финансиската ревизија не е толку актуелна тема колку што е ревизијата на успешност. Ние како ДЗР секоја година одиме кон подигнување на ревизијата на успешноста, нагласува во интервјуто заменик главниот државен ревизор Насер Адеми

Меѓународни активности

Делегација на ВРИ на Косово во посета на ДЗР

Заменик главниот државен ревизор Насер Адеми ја прими и водеше разговори со делегацијата на ВРИ на Косово, предводена од главниот државен ревизор Бесник Османи, која престојуваше во еднодневна посета на Државниот завод за ревизија

Меѓународни активности

Државните ревизори во Варшава – тема „Ревизорска методологија“

На средбата во Варшава, организирана и реализирана од EUROSAI и ВРИ на Полска како резултат на активностите предвидени и проектирани во „Стратегискиот план на EUROSAI 2017-2023 година’, како претставници на ДЗР учествуваа м-р Тања Тасевска, државен советник за стратешко планирање и Сашко Геразов, виш ревизор

Состанок на ВРИ на земјите членки на Европската унија (11-12 октомври)

Делегација на ДЗР на состанок на Контакт комитетот

Делегација на ДЗР присуствуваше на состанокот на Контакт комитетот што се одржa во Дубровник, Хрватска на кој покрај претставници на ВРИ членки на Европската унија учествуваа и ВРИ од земјите кандидати за членство во Европската унија

Меѓународни активности

Поддршка од OECD – SIGMA на ДЗР

На средбата меѓу Насер Адеми, заменик главен државен ревизор и г-ѓа Бјанка Бретеше од OECD – SIGMA се водеше иницијален разговор во врска со потребите кои ги има ДЗР во однос на унапредување при вршењето ревизијата на основниот буџет на Република Македонија

Меѓународни активности

Рејмонд Хил и Паулина Станоева во посета на ДЗР

Претставникот на Генерален директорат за буџет на Европската комисија, Рејмонд Хил и г-ѓа Паулина Станоева, претставник на Делегацијата на Европската унија во Скопје остварија посета и разговараа со заменик главниот државен ревизор Насер Адеми и ПГДР, Тања Јаневска

Меѓународна соработка

Јубилеј на Националната ревизорска канцеларија на Косово

Делегација на ДЗР, предводена од заменик главниот државен ревизор Насер Адеми, присуствуваше на тематската конференција организирана по повод 15 години од формирањето на Националната ревизорска канцеларија на Косово, која се одржа во Приштина

Меѓународна соработка

Договор за соработка меѓу ДЗР и Судот за ревизија на Турција

Заменик главниот државен ревизор Насер Адеми и претседателот на Судот на ревизија на Турција Seyit Ahmet BAŞ потпишаа договор за соработка на билатерална основа како придонес за подобрување на ефикасноста на институциите во рамките на INTOSAI и EUROSAI

Твининг проект на ДЗР

Делегација на ДЗР во посета на Судот за ревизија на Република Словенија

Седумчлена делегација на ДЗР, предводена од заменик главниот државен ревизор Насер Адеми, оствари дводневна посета на Судот за ревизија на Република Словенија реализирана во рамките на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на ДЗР за вршење надворешна ревизија“

Брифинг за новинарите организиран од ДЗР

Тема: Годишниот извештај за 2017 година

По повод издавањето на Годишниот извештај на ДЗР за работењето во 2017 година беше организирана новинарски брифинг на кој Мијалче Дургутов, ревизор задолжен за информирање на јавноста ги презентираше најновите податоци низ ревизорски бројки